Шкупи покажа сила, Работнички и Ренова без муниција

Реновираниот тим на Шкупи на фантастичен начин ја започна пролетната полусезона, победувајќи го составот на Академија Пандев со 5-2. Новото засилување Баже Илијоски постигна хет – трик за 16 минути (7., 17., 23.), а во листата на стрелците се запишаа и Ален Јашароски (59.) и Кристијан Стојкоски (79.).

За „пандевци“, кои и пролетва продолжуваат со серијата порази, стрелаа Ѓорѓи Стоилов (31.) и Џулио Грифони (71.).

Победа и Пелистер ремизираа 1-1 во Турново. Новите засилувања беа во главна улога и во пелагониското дерби. Борче Маневски во деветтата минута донесе предност за битолчани, а само две минути подоцна израмни Зоран Даноски.

На крајот, поделба на пленот и по еден бод за двата тима.

Работнички и Ренова исто така ремизираа, но без голови. „Романтичарите“ беа за нијанса поактивни, меѓутоа не успеаја да го пронајдат патот до мрежата на Ренова. Мишковски постигна погодок за „гипсарите“, но направи и прекршок, па погодокот беше поништен.

ПРВА ЛИГА, 19.КОЛО

ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 5-2

ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР 1-1

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 0-0

СИЛЕКС – СКОПЈЕ (ОДЛОЖЕНО)

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР…. ВО ТЕК (0-0)

Се вчитува...