Шкупи потпиша договор со германски голман

Maкедонскиот фудбалски прволигаш Шкупи продолжува со екипирањето на тимот за новата сезона во ПМФЛ.

Ново засилување за чаирчани е 22-годишниот германски голман Максимилијан Гроте. Тој во кариерата настапуваше за младинските категории на Мајнц 05 и СВ Вехен Висбаден, а со сениорско искуство се здоби во ФВ Енгерс 07 и Рот-Вајс Кобленц, каде забележа над 40 настапи.

„Макс очекуваме да носи сигурност, смиреност и стабилност на нашиот гол“, порачуваат од Шкупи. 

Се вчитува...