Шкупи потпиша со двајца Сенегалци

Шкупи ги потврдува амбициите во борбата за висок пласман откако прволигашот од Чаир денеска официјално потпиша договори со двајца нови фудбалери, сенегалските интернационалци Алберт Бугазели – Бебето и Фаустин Сенгор. Двајцата играчи во изминатиот период тренираа со тимот, а со прикажаните настапи го убедија новиот тренер Хасан Озер да ги задржи во тимот.

Алберт Бугазели (24 години) настапува како крилен офанзивец и во 2019 година имаше и два настапи за репрезентацијата на Сенегал. На клупски план, тој има настапувано за бројни сенегалски прволигаши, а настапите за Шкупи ќе му бидат обид да се избори за трансфер во некоја поголема европска лига во иднина.

Сенгор настапува на позицијата последен играч за врска. Тој мина голем дел од кариерата во тимот на Каса Спорт во Сенегал, а лани беше дел од шампионатот на БиХ, бранејќи го боите на Челик од Зеница.

Се вчитува...