Шкупи преку Тиквеш до втор триумф во сезоната

Шкупи ја забележа втората победа во сезоната откако во 6. коло на домашен терен славеше со 85-82 над Тиквеш во неизвесена завршница во која пресуди мирната рака на домаќините од линијата за слободни фрлања.

Во неефикансото отварање на натпреварот двата тима успеаја да постигнат по 16 поени во првата четвртина, но темпото се промени до крајот на второто полувреме. Шкупи и Тиквеш се раизграа, домаќините на момент беа и подобриот противник стекнувајќи предност од два напади, но кавадарчани се вратија во игра преку Грин и Златев за 41-40.

Тиквеш успеа и да поведе преку слободните фрлања на Младеновиќ на отварањето на второто полувреме (41-42), но третата четвртина остана во знакот на „сино-белите“ кои со серија од 12-2 стекнаа предност од 64-58 пред одлучувачките десет минути. Во нив Тиквеш го имаше расположениот Грин па кавадарчани ја вратија неизвесноста која траеше се до последните секунди, а мирната рака на кошаркарите на Шкупи од линијата за слободни фрлања им го донесе втроиот триумф во сезоната.

Со далб-дабл од 21 поен и 13 скокови Вилијамс беше прво име кај Шкупи, а него го следеше Стојановски со 18 поени и 7 скокови. 26 поени и 7 скокови за Тиквеш постигна Грин, а далб-дабл од 13 поени и 11 скокови додаде Глигоријевиќ.

Се вчитува...