Шкупи промовираше ново име, па постот мистериозно „исчезна“!?

И кога се чинеше дека Шкупи полека се „буди“ од летен сон и дека почнува да го формира тимот за идната сезона, одново шок за своите навивачи приреди последниот потег на екипата.

Најпрво објави дека има ново засилување, а потоа ја избриша истата објава. Тимот од Чаир синоќа на социјалните мрежи објави дека се засили со Емре Кадри, играч кој мината сезона беше дел од Брегалница, а претходно и во Работнички.

Меѓутоа овој пост после пет минути мистериозно „исчезна“, односно го немаше повеќе. Што навистина се случува со Шкупи, треба да се дознае во следниот период.

Многумина играчи го напуштија тимот, а навивачите пред неколку дена одржаа протест со цел да поттик да се направи тим и да се почне со подготовки. Засега нема ниту кој ќе биде тренер, а нема ниту една информација за играчкиот кадар. Последниот пост на ФК Шкупи е од пред 25 дена, дека Ндерим Неџипи, кој ја извршуваше функцијата спортски директор, си замина од клубот.

Се вчитува...