Ден после поразот од Вардар, Шкупи се одлучи за тренерска смена. Турчинот Алпарслан Ердем не е повеќе тренер на чаирскиот тим, откако чаирчани објавија дека ја прекинале соработката.
Ердем седна на клупата на чаирската екипа на 3 октомври 2024 година, и по само седум месеци си заминува од мак фудбалот. Тој во минатото работеше како тренер на Карагумрук.
Не успеа да го однесе Шкупи до посакуваната цел, а тоа е излез во Европа, меѓутоа треба да се има во предвид фактот дека некогашниот првак не можеше да прави трансфери во зимскиот преоден рок, па остана без засилувања.
Шкупи во моментов е на осмото место на табелата со 34 бодови, а тимот е во лоша форма и во серија од девет натпревари без победа. Последниот триумф беше на почетокот на март кога на домашен терен го совладаа Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

