Шкупи е најактивен тим во моментов на пазарот. После Арби Воша од Македонија ЃП, екипата од Чаир се засили и со словачкиот интернационалец Михал Пинтер.
Пинтер има 29 години и доаѓа од Злате Моравче, каде што ќе биде засилување за одбраната на чаирската екипа, која што остана без Гаги Маргвелашвили кој заминува од клубот.
„Многу сум среќен што ми се укажа доверба да бидам дел од овој тим. Се надевам дека ќе бидам здрав да му помогнам на тимот на најдобар начин. Не играв фудбал во последните неколку месеци, ми недостасуваше фудбалот и со нетрпение чекам да почнам со првиот тим“, изјави фудбалерот на промоцијата.
Тој покрај Злате Моравче има настапи и за Татран. Бил дел од младите селекции на Словачка од 2011 до 2014 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА