Шкупи се засили со стоперот Нешат Мурати

Екипата на Шкупи во своите редови доведе уште едно засилување. Станува збор за стоперот Нешат Мурати, кој досега настапуваше за тимот на Осогово Кочани.

Мурати треба да ја засили дефанзивата на чаирскиот тим, кој има лош старт во сезоната и единствен тим без ниту еден освоен бод во првите четири кола.

Мурати во минатото беше дел од Арсими, од Кукеси во Албанија, а играше и во Хрватска, во Дугопоље, Сегеста Сисак и Крк. Беше дел и од тетовска Шкендија.

Се вчитува...