Шкупи се засили со талент на Галатасарај

Прволигашот Шкупи продолжува да се засилува за настап на Лигата на Европа. Тимот од Чаир во своите редови го доведе Турчинот Фират Гулу, кој беше дел од младинските категории на Галатасарај, а има и преку 50 настапи за младинската репрезентација на Турција.

„Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои ми дадоа можност, раководството и тренерот на Шкупи. Се надевам дека оваа година ќе ги оствариме нашите цели со поддршка на нашите верни фанови“, изјави Гулу за официјалната веб-страна на Шкупи. 

Тој додека беше дел од младинскиот тим на Галатасарај запиша и четири настапи во младинската лига на УЕФА.

Се вчитува...