Струга ТЛ дополнително се зацврсти на врвот од табелата по 25. коло во Првата македонска фудбалска лига, откако убедливо со 3-1 триумфираше против Академија Пандев во Струга, а притоа искористувајќи го киксот на Шкупи кој на домашен терен загуби со 0-1 од Скопје.
Чаирчани со тој пораз ја загубија и втората позиција на табелата од Шкендија, која со триумф од 2-0 над Победа дојде до 44 бода.
Веќе во 15. минута Бесарт Ибраими со втор гол за водство и од 2-0.
А, во 20. минута Мухарем погоди за водство и од 3-0 за Струга ТЛ.
Интересно, е што творецот на предност Бесарт Ибраими ја напушти играта во 44. минута откако се најде во дуел со противнички фудбалер, па Шпетим Дуро се одлучи да го извади од игра.
Во второто полувреме Академија Пандев единствено во 46. минута преку Ергемлидѕе успеа да постигне почесен погодок за пораз од 3-1.
Скопје изненадувачки триумфираше со 0-1 против Шкупи на гостувањето на Чаир. А, да биде шокот за чаирчани уште поголем погодокот за победа на Скопје го постигна Анид Абази, 20-годишниот крилен офанзивец кој потекнува од школата на Шкупи и до оваа сезона играше за шампионот од Чаир.
Шкендија, пак, очекувано триумфираше со 2-0 против Победа пред своите навивачи во Тетово. Стрелец на голот за водство на Шкендија беше Алмир Реџепи во 29. минута од средбата.
Во второто полувреме погоди и Аденис Шаља во 68. минута за конечни 2-0 за Шкендија.
Во Штип, на дербито на Истокот, меѓу Брегалница и Тиквеш дуелот заврши без погодоци. Кавадарчани во последните десеттина минути играа и со фудбалер помалку, но Брегалница не успеа да го искористи тоа за победа.
ПМФЛ – 25. КОЛО
Штип: БРЕГАЛНИЦА -ТИКВЕШ 0-0
Скопје: ШКУПИ – СКОПЈЕ 0-1
Абази 21′
Струга: СТРУГА ТЛ – АК. ПАНДЕВ 3-1
Ибраими 12′, 15′, Мухарем 20′ – Ергемлидѕе 46′
Тетово: ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА 2-0
Реџепи 29′, Шаља 68′
ВЧЕРА
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 2-1
Личина 24′, Алексовски 76′ – Мазари 26′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА