Македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи излезе со соопштение во кое вели дека сите долгови насобрани во изминатиот период се подмирени и дека поради тоа Светската фудбалска федерација ФИФА им ја тргнала суспензијата за трансфери.
Во продолжение ви го пренесуваме целото соопшение:
„Сакаме да ја информираме јавноста дека од денеска ФК Шкупи повеќе нема забрана од ФИФА. Како што и претходно објавивме, сите долгови на клубот се навреме вратени и сите обврски се навреме исполнети. Сепак, забраната не беше веднаш укината поради неколку технички проблеми и бирократски процедури, кои сега се целосно решени.
Овој процес, иако надвор од наша контрола, беше предизвик со кој се соочивме сериозно и посветено, секогаш со цел да ги заштитиме интересите на клубот. Посветеноста на новото раководство беше максимална за надминување на оваа состојба, следејќи го секој правен и процедурален чекор до конечното решавање на проблемот.
Во оваа прилика сакаме да им се заблагодариме на сите наши фанови и поддржувачи за трпението, разбирањето и континуираната поддршка. Вашата доверба и љубов кон клубот се нашата најголема сила. Очекуваме со оптимизам и посветеност, решени да продолжиме по патот кон нашите цели, со целосна доверба во тимот што го имаме“, стои во соопштението на Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

