Арсими дојде до нова победа во првенството, откако го совлада тимот на Шкупи со 4-2. Чаирскиот тим успеа на двапати да се врати (1-1 и 2-2), меѓутоа во финишот не успеаја да се одбранат од налетите на домашниот тим, и на крајот мораа да го положат оружјето.
Кога во 16. минута погоди Рамадани, се чинеше дека работите дојдоа на своето место. Меѓутоа изненадувачки, во 35. минута Шкупи успеа да израмни со убавиот гол на Рибеиро.
Сепак, Арсими пред крајот на првиот дел дојде до водство со голот на Шефити, по една добра акција.
Во вториот дел Арсими го бараше и третиот гол за да го реши победникот, но наместо тоа Шкупи успеа да израмни. Дестани се најде на вистинско место и успеа да го совлада Силјановски.
Сепак, квалитетот на Арсими дојде до израз во финишот на мечот. Најпрво Леонид Игнатов со глава го совлада Мељачи за предност од 3-2, а потоа и Шефити од пенал стави печат на победата на домашниот тим на овој меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

