Шкупи ја одржува предноста пред Шкендија на врвот од табелата во трката за шампионската титула и по 20. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Во натпревар кој нема да се памети по некоја допадлива игра, Шкупи до трите бода дојде во второто полувреме благодарение на одличната акција на Адетунџи која мајсторски со гол ја круниса Марјан Радески.
Тимот на Гоце Седлоски, на тој начин, продолжува на патот кон трофејот во македонскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА