Кошаркарите на Шкупи славеа на домашен терен против Гостивар со 82-78 и со тоа ја направија интересна борбата за опстанок во Првата лига.
Домаќините уште во првиот период стигнаа до предност која успеаја да ја контролираат во текот на целиот меч и да стигнат до конечен триумф од 82-78.
Златевски со 20 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените недоволни беа 29 поени на Грушановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

