Шкупи со победа од 3-1 (2-1) против српскиот суперлигаш Борац Чачак ја заврши втората подготвителна фаза во Охрид.
На СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, Шкупи одигра далеку поквалитетен натпревар од противникот сосема заслужено стигнувајќи до триумфот.
Србите први поведоа на дуелот, а потоа уште во првиот дел следеше пресврт. Најпрво израмни Ермедин Адем, а потоа предност од 2-1 донесе Фисник Зука. Во второто полувреме победата ја запечати најдобриот фудбалер на Шкупи, Мухарем Бајрами постигнувајќи евро-гол со шут од околу 25 метри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА