Шкупи слави, Вардар во очај – „црвено-црните“ поразени од „своите деца“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шкупи – Вардар 3-0. Тоа е исходот од дербито, ако може така да се нарече, со оглед дека на теренот играше само една екипа. Чаирскиот тим доминираше, и на крајот славеше убедлива победа над „црвено-црните“ кои беа немоќни, и покрај тоа што после Пелистер го сменија тренерот.

Смената на тренерот очигледно беше добродојдена кај Шкупи. Матеја Мирков на дебито на клупата на чаирските „бели“ успеа да дојде до триумф, и тоа против Вардар. „Црвено-црните“ најавуваат излез во Европа и восок пласман, ама со ваква игра – тешко до Европа.

Поранешните играчи на Вардар, децата на овој тим Бесар Гуџуфи и Џемал Ибиши ја најавија, а Гуеје само ја потврди победата, прва за Шкупи оваа сезона, остварена пред своите навивачи, после неуспешниот стартна сезоната и „ремито“ со Воска Спорт и поразот од Гостивар.

Се вчитува...