Шкупи со два гола на Трапаноски го совлада Херманштад

Во пријателски натпревар одигран во турскиот Болу, Шкупи го совлада романскиот Херманштад со 2-1. Мечот беше одигран во турскиот Болу, каде што чаирскиот тим се подготовува за настапите во Лигата на Конференции.

Стрелец на двата гола за Шкупи беше Кристијан Трапаноски. На полувремето Шкупи имаше водство од 1-0.

Следен натпревар на Шкупи е против албанскиот тим Егнатија на 26. јуни. Чаирчани против Херманштад ќе одиграат уште еден натпревар на 29. јуни.

Се вчитува...