Шкупи со две нови засилувања бара излез од кризата

Шкупи разочарувачки ја стартуваше новата сезона откако тимот од скопски Чаир освои само четири бода по првите четири рунди и моментно се наоѓа на шестото место на табелата.

Управата веќе направи тренерска смена, а репрезентативната пауза беше искористена и за засилување на играчкиот кадар, па така денеска како најнови членови на Шкупи промовирани беа Андреј Лазаров и Басмир Даци.

Лазаров настапува во средниот ред и доаѓа од хрватска Горица, а претходно во мак-фудбалот ги има брането боите на Тиквеш, Работнички и на Металург.

Даци најдобро се снаоѓа како крилен офанзивец, а негов претходен клуб беше Беса.

Се вчитува...