Покрај историскиот аспект од кој би се гледал пласманот во следната рунда квалификации за ЛШ, македонскиот шампион Шкупи со елиминацијата на Динамо Загреб би добил многу и од финансиски аспект.
Елиминацијата на Динамо Загреб за чаирчани би значела следна рунда во квалификациите за ЛШ, но и најмалку веќе обезбедено место во групната фаза од УЕФА Конференциската лига. А, тоа на Шкупи би му донело 4,3 милиони евра за место во групната фаза од КЛ, и дополнителна можност потоа за дополнителни средства во зависност од резултатите на натпреварите. Но, во секој случај најмалку веќе сигурни пет милиони евра од УЕФА.
Доколку го елиминира Динамо Загреб, пак, Шкупи го носи во 3. коло од квалификациите за ЛШ а пораз во таа рунда натпревари, пак, го носи директно во плеј-офот за место во групната фаза од Лигата на Европа на УЕФА. Поразот од хрватскиот шампион вечерва ќе го носи македонскиот шампион кон пресметка со поразениот од дуелот меѓу бугарски Лудогорец и ирска Шамрок (најверојатно Шамрок кој има негатива од 0-3 од првиот дуел во Бугарија).
Не треба да се нагласува, пак, што би значел за Шкупи влезот во групната фаза од Лигата на шампионите. За таму сепак, ако се мине Динамо Загреб, ќе треба да се пречекорат уште две тешки рунди. Но, пласман во групната фаза од Лигата на шампионите за чаирчани би донел најмалку 20,8 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА