Шкупи со Еркан Мурсели како нов тренер означи нов почеток (ФОТО)

Шкупи денеска ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, во која чаирчани ги чека повеќе од тешка, речиси невозможна, задача да се изборат за опстанок во елитата.

Но, од таборот на Шкупи денеска со стартот на подготовките на својот стадион најавија дека „ова е нов почеток за клубо“, под водство и на новоименуваниот тренер Еркан Мурсели.

„Еркан Мурсели е назначен за тренер и го презеде раковдството со тимот на Шкупи, во еден од најтешките моменти за клубот. Денеска Мурсели го предводеше и првиот тренинг на тимот, симболичен но важен старт, кој даде јасен сигнал за максимална посветеност Во овој период, кога зборовите имаат многу помала тежина од неговите дела, неговото присуство и активна улога во тимот, јасна е пораката дека Шкупи започнува ново поглавје, со одговорност и целосен фокус на враќањето на тимот на вистинскиот пат“ – порачаа од клубот.

Мурсели до минатата сезона беше тренер на Шкендија Арачиново.

Се вчитува...