Шкупи со лесни противници, Струга ТЛ и Силекс со потешка задача во Конференциската лига

И македонските претставници во новата УЕФА Конференциска лига, Шкупи, Струга ТЛ и Силекс ги дознаа можните противници пред утрешната ждрепка (13 ч.) во Нион за 1. квалификациско коло.

Шкупи, кој е носител во првото коло, ќе има нешто полесна задача. Можни противници на чаирчани се  Сфинтул од Молдавија, Динамо Батуми од Грузија, Љапи од Косово и Урарту од Ерменија.

Струга Трим Лум, пак, се аутсајдери па можни противници се: Рунавик од Фарски Острови, Липаја од Летонија, Спартак Трнава од Словачка, Дандалк од Ирска и Бријдаблик од Исланд.

Силекс исто така е на аутсајдерската страна, со можни противници Мол Фехервар од Унгарија, каде настапува македонскиот репрезентативец Висар Муслиу, како и Сутјеска од Црна Гора, Петроклуб од Молдавија и Широки Брег од БиХ.

Се вчитува...