Македонскиот прволигаш Шкупи повторно е дел од скандал со сомнителни активности по последната средба против Анталијаспор во кој чаирчани претрпеа пораз од 6-1.
Овој резултат повторно го активираше алармот и го продлабочи случајот откако пред само неколку денови Аресими одби да одигра контролен меч против Шкупи по добиените сигнали дека мечот е потенцијално наместен со пет или повеќе голови за што биле уплатени и големи суми во обложувалници на Блискиот исток.
Според последние информации Фудбалската федерација на Македонија веќе започнала постапка против клубот и наскоро се очекува во случајот да се приклучат и државните институции за цел разрешавање на истиот.
Шкупи како клуб со традиција, богата историја и голема фан база не смее да си дозволи да биде центар на ваков скандал и да тргне по стапките на некои македонски клубови од минатото, но и добро познати регионални имиња кои се соочија драконски казни и доживеаја огромен пад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

