Шкупи со ново соопштение: Побарано одложување на мечот со Хегелман

Шкупи објави ново соопштение по повод недобивањето на виза на својот играч Валид Хамиди. Откако ги нападна сите институции и федерацијата поради визата, на крајот чаирскиот тим објави дека добил информација дека доцнењето за процедурата за виза е поради тоа што играчот бил Алжирец.

Како што велат од Шкупи, побарале одложување на мечот со Хегелман поради овој случај.

„Проблемот нашиот играч Валид Хамиди што го има при добивањето виза, информирани сме дека доцнењето настанало поради тоа што нашиот играч е Алжирец. Во денешниот свет, трагикомично е фудбалер да биде спречен или да задоцнува да учествува на меѓународен турнир поради таква причина. Ова е меѓународен турнир и ова е наш играч! Жално е што политиката има толку негативен ефект врз фудбалот. Не треба да се заборави дека за еден фудбалер е многу важно да учествува во вакво натпреварување, за ова се одговорни оние кои го спречуваат и оние кои не си ја вршат својата должност.

Поради овој бесмислен проблем со визата, нашиот клуб испрати барање за одложување на натпреварот до УЕФА бидејќи не е фер кон нас. Исто така, од името на нашиот клуб сакаме да му се заблагодариме на г. Бујар ОСМАНИ, министер за надворешни работи на Македонија и г. Сервет Јардимчи, член на Управниот одбор на УЕФА, кој се обиде да ни помогне во овој процес.“, стои во новото соопштение на Шкупи.

Се вчитува...