Македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи со соопштение им се обрати на своите фанови да не внесуваат пиротехнички средства на стадионот во Чаир бидејќи за тоа лицата кои ќе поседуваат ќе бидат исфрлени од стадионот и ќе се соочат со драконски казни.
Во продолжение во целост ви го пренесуваме соопштението на Шкупи:
„Ве замолуваме да не се носат забранети и експлозивни материи и тие да не се палат во стадионот. Во наредниот период со сите сили ќе се бориме против оние кои сакаат клубот да биде казнет, оние кои не се од нас, а се однесуваат како да се наши, оние кои се алатка за потребите на другите и оние кои сакаат клубот да биде оштетен. Тоа ќе го сториме со заострување на безбедносните мерки во рамките на законот, со поддршка на полицијата, па тие да се избркаат од стадионот, никогаш повеќе да не влезат и да бидат казнети. Дополнително, по натпреварот, оние кои го прават ова ќе бидат идентификувани преку безбедносните камери и против нив ќе бидат преземени дејствија пред надлежните органи“, се вели во дел од соопштението на Шкупи.
Екипата од Чаир следниот домашен меч ќе го одигра в недела, кога ќе го пречека тимот на Тиквеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

