Шкупи со реакција по пеналот за Работнички: Судијата нека погледне уште еднаш… (видео)

Шкупи со пораз ја почна новата сезона откако во скопската пресметка загуби од Работнички со 3-1. Клучен момент на мечот беше досудениот пенал за Работнички во 82. минута по кој „романтичарите“ поведоа со 2-1, а од Шкупи реагираат на оваа судиска одлука.

Од видеото добро се гледа дека дефанзивецот на Шкупи прво игра со топката, а интересно е што судијата покажа на белата точка неколку секунди по стартот…

„Продолжуваат истите работи од ланската сезона. Ако не се срамите од ништо, засрамете се поради потта на фудбалерите. Судијата нека ја погледне уште еднаш оваа ситуација, ако уште еднаш помисли дека е пенал, нема да приговараме“, објави клубот од Чаир крај објавеното видео од спорниот момент.

Се вчитува...