Шкупи со една нога веќе е во следната квалификациска фаза од Конференциската лига откако екс-шампионот на Македонија славеше со 0-5 на гостувањето во Литванија против Хегелман.
Тренерот Чихат Арслан има причина за задоволство поради формата на Шкупи, но јасно стави до знаење дека не сака да види опуштање кај своите фудбалери на реваншот што на програмата е утре со почеток во 21 часот.
„Го добивме тој прв меч со 5-0, потоа следеше долго патување, малку бевме изморени, па последните денови ги искористивме за рехабилитација. Сепак, подготвени сме за реваншот, без разлика на исходот од тој прв меч ние мораме да бдеме максимално сериозни во пристапот. Забележав мало опуштање кај фудбалерите, па вчера одржав состанок за да им ставам до знаење што очекувам од нив“, изјави Арслан на денешната прес-конференција.
Главен играч на првиот натпревар беше Ренало Цефас, кој со четири гола го предводеше Шкупи до убедливиот триумф во Литванија.
“Сите сме подготвени за реваншот. Знаеме дека имаме висока предност, но ништо не е готово, треба да започнеме како резултатот во Литванија да е 0-0“, истакна Цефас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА