Прволигашот Шкупи не сака да испадне од елитната конкуренција. Тимот од Чаир оствари голема предност против Новаци, совладувајќи го второлигашот со прволигашки аспирации со убедливи 4-1, во првиот меч од баражот за пополнување на Првата лига. Сепак, патникот во Првата лига ќе биде познат по одигрувањето на вториот бараж меч, кој ќе се одигра исто така на Градскиот стадион во Штип, в среда со почеток од 17 часот.
Избраниците на Ардијан Нухиу од стартот наметнаа своја игра и брзо поведоа со 2-0. Ермедин Адем во 11.минута го отвори резултатот, а пет минути подоцна Муарем Бајрами зголеми на 2-0.
По половина час игра, Шкупи постигна и трет гол преку Мбела. Со убедливо водство чаирчани заминаа на одморот.
Новаци се врати со голот на Марјан Котевски во 69.минута, но Ариф стрелаше уште еднаш за Шкупи до крајот, за конечни 4-1, по првиот меч од баражот за пополнување на Првата лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА