Шкупи ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот од 2. квалификациско коло за ЛШ со Динамо Загреб кој се игра на 26. јули на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Чаирчани се одлучија за популарни цени за поголемиот дел од стадионот иако за ВИП секторот се одредени цени од дури 1.000 денари. Цената на билетите за поголемиот дел од секторите на Јужната и Северната трибина изнесува 150 денари, за ВИП секторот на Јужната трибина изнесуваат 300 денари а за ВИП секторот на Северната трибина – 1.000 денари.
Како што информираат од таборот на македонскиот шампион, билети ќе се продаваат на две локации: на плоштадот Скендербег и на стадионот на Шкупи во Чаир.
Денеска продажбата ќе се одвива од 15 до 20 часот, а во другите денови од 12 до 20 часот. На денот на натпреварот билети ќе можат да се купат и на Арената „Тодор Проески“ од 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

