Екипата на Шкупи за пролетниот дел од сезоната ќе биде посилна за Бесар Гуџуфи. Македонскиот играч кој има 19 години, доаѓа на позајмица во тимот од Чаир до крајот на сезоната.
Гуџуфи потекнува од младинската школа на Вардар, а потоа од Беласица замина во гигантот Бешикташ. Но, досега настапуваше само во младинското првенство на оваа екипа.
Гуџуфи игра како крилен играч, особено на левата крилна позиција. Оваа сезона има одиграно 316 минути на девет меча во младинската лига на Турција, без ниту еден постигнат гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

