Екипата на Шкупи официјализираше уште еден трансфер, потпишувајќи договор со 21-годишниот Ардит Дестани, фудбалер кој настапува на позицијата лево крило.
Дестани доаѓа од Швајцарија каде го носеше дресот на третолигашот Парадизо, а претходно има настапувано и за екипата на Вадуц.
„Презадоволни сме што можеме да го претставиме Ардит Дестани како најново засилување на нашата екипа. Веруваме во неговиот потенцијал и енергијата што ја поседува, Ардит ќе биде дел од нашиот амбициозен проект за новата сезона. Дестани е израснат во швајцарскиот фудбал, а носењето на дресот на Вадуц е значајно поглавје во неговата кариера, јасен доказ за неговиот талент“, објави Шкупи на својата официјална фесјбук страница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

