Македонскиот фудбалски клуб Шкупи ја информираше јавноста дека ќерката на поранешниот фудбалер на тимот од Чаир, Фреди Алварез утрово починала.
Aлварез во моментов настапува за албанска Тирана, а дресот на Шкупи го носеше во периодот од 2020 до 2023 година. Со тимот од Чаир ја освои титулата во ПМФЛ во сезоната 2021/2022 година.
„Со длабока тага ја примивме веста дека ќерката на нашиот поранешен играч и дел од шампионскиот тим за 2022 година, Фреди Алварез, трагично почина во раните утрински часови во Тирана. Оваа тажна вест го шокираше целото наше клупско семејство, бидејќи Фреди беше дел од историско поглавје на Шкупи и секогаш ќе остане дел од нашиот клуб. Во овие тешки моменти, Шкупи стои покрај Фреди Алварез и неговото семејство, изразувајќи искрено сочувство“, стои во соопштението на Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

