Во првиот натпревар од 2. коло во Првата македонска фудбалска лига, на стадионот во Чаир, бранителот на титулата Шкупи ги запиша првите три бода во сезоната, триумфирајќи со 2-1 (0-0) против Македонија ЃП.
За чаирчани ова беше првиот натпревар во новата сезона од ПМФЛ, потврдувајќи веднаш со триумфот дека целта е одбрана на минатогодишната титула.
По израмнетото прво полувреме, Шкупи отпорот на гостите го скрши во второто полувреме, во само три минути. Најпрво, по корнерот од десната страна, Трапановски во 67. минута одлично реагираше на вториот дирек отворајќи го резултатот на Чаир…
Веќе во 70. минута, и Цефас со глава погоди за 2-0…
До крајот, фудбалерите на Македонија ЃП единствено успеаја да стигнат до почесен погодок преку Емир Скендери во 87. минута за конечни 2-1, иако во финишот гостите и сериозно притиснаа за израмнување. Но, не успеаја…
ПРВА ЛИГА – 2. КОЛО
Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1 (0-0)
Трапановски 67′, Цефас 70′ (Ш) – Скендери 87′ (МЃП)
УТРЕ (17 ч.)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ
Прилеп: ПОБЕДА – ТИКВЕШ
Струга: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
Скопје: РАБОТНИЧКИ – АК. ПАНДЕВ
Слободен е Скопје
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

