Искористувајќи ја паузата поради репрезентативните настапи, екипата на Шкупи одигра денеска пријателски натпревар со второлигашот Скопје во Автокоманда на кој славеше со 0-3.
Тренерот Младен Жижовиќ на стартот на натпреварот им даде шанси на помладите фудбалери во тимот кои се со помала минутажа на официјалните дуел, почнувајќи со следната формација: Андреа Ефремов, Давор Серафимов, Суфјан Чајани, Марио Младеновски, Мухамед Ибрахими, Леарт Бакиа, Али Адем, Кристијан Ацковски, Аган Алиу, Амар Мустафа и Армин Хоџиќ.
По мирното прво полувреме кое заврши без голови, во вториот дел вроди со плод влегувањето во игра на неколку стандардни првотимци кои и ја донесоа победат.
Најпрво за 0-1 погоди Алберт Диене, потоа стрелаше и Иса Кука а конечните 0-3 ги постави Кристијан Трапановски по една соло акција.
Следниот натпревар во шампионатот Шкупи го игра на 26. ноември во 15. коло на Чаир против Македонија ЃП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА