Шкупи во Бугарија брка чудо за продолжување на европската авантура

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи вечерва во Софија ќе му гостува на Левски во реванш натпреварот од 2. квалификациско коло во Конференциската лига.

Шефот на стручниот штаб на Шкупи, Џихад Арслан, очекува добро издание на својот тим во обид да го изненади Левски на денешниот меч и покрај негативата од 0-2 од првиот меч одигран во Скопје.

„Не е лесно да играте кога ќе загубите со 0-2 дома, но ние не дојдовме во Софија на екскурзија. Ќе направиме се што можеме да се претставиме добро, за себе и за македонскиот фудбал.  Дознавме дека се случувале лоши работи во Скопје, тоа не е добро. Не сакаме такви работи во фудбалот. Сакавме и нашите фанови да бидат тука, но за жал тоа нема да се случи“, изјави Арслан.

Натпреварот меѓу Левски и Шкупи е со почеток во 19 часот.

Се вчитува...