Шефот на стручниот штаб на Шкупи, Гоце Седлоски во најсилниот можен состав ќе се спротистави на Динамо Загреб на дуелот кој стартува од 21 часот на „Максимир“ во Загреб, во 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Согласно очекувањата, Седлоски во нападот ќе биде со Хамиди, Данфа и Сандеј Адетунџи во формацијата 4-3-3, во која во средниот ред ќе бидат Фаустин, Алварез и Куевен.
На голот сосема очекувано репрезентативецот Наумовски, а пред него Брдаровски, Маргвелашвили, Абдула и Шеји.
Динамо Загреб, пак, ќе стартува со својот капитен а македонски репрезентативец, Аријан Адеми, а во првиот тим го нема десниот бек Стефан Ристовски кој остана на клупата.
Чачиќ се одлучи натпреварот против Шкупи да го почне и без еден од своите најдобри фудбалери Оршиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

