Поранешниот македонски фудбалски шампион Шкупи повторно ќе мора да игра надвор од својот стадион, поради суспензијата на теренот во Чаир.
Натпреварот од 9. коло во ПМФЛ против Работнички чаирчани ќе го одиграат во Струга. Санкцијата дојде откако по првиот меч во Чаир со воведен ВАР систем, навивачите направија нереди и ФФМ изрече забрана за користење на теренот.
Чаирчани беа приморани да бараат алтернативно решение и на крајот се одлучија натпреварот со „романтичарите“ да го играат во Струга. Средбата ќе се одигра во сабота, со почеток од 15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

