Шкупи води на полувреме против Работнички во Купот на Македонија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шкупи имаат предност од 0-1 против Работнички на полувреме во последниот четвртфинален натпревар од Националниот куп на Македонија.

Стрелец на погодокот за водство на чаирчани беше стоперот Марио Младеновски во 15. минута од натпреварот.

За потсетување поради лошата состојба на теренот во Маџари, натпреварот кој требаше да се одигра вчера, беше презакажан за денеска на терените на ФФМ.

Претходно во полуфиналето се пласираа: Воска, Тиквеш и Македонија ЃП.

 

 

Се вчитува...