Комплетирајќи го составот за пролетниот дел од сезоната, Шкупи денеска потпиша професионални договор со двајца свои таленти од сопствената Академија.
Откако низ есенскиот дел за Шкупи дебитираше Аритон Мехмеди, исто така талент од Академијата на клубот, сега се потпишаа договори и со Анди Исмаили и Анес Бајрами. И двајцата ставија потпис на тригодишни договори со клубот.
16-годишниот Исмаили игра на позицијата дефанзивен играч за врска, а на позицијата централен дефанзивец е потпишан договор со Анес Бајрами, инаку син на нашиот поранешен фудбалер и тренер на клубот, Муарем Бајрами.
„Анес, роден 2009 година, е висок 188 сантиметри, перспективна фигура која му овозможува да игра рамо до рамо дури и со повозрасни фудбалери“ – пренесоа од Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА