Шкупи за утре го најави стартот на подготовките

Најслабиот тим во Првата македонска фудбалска лига по есенскиот дел Шкупи кој освои само еден бод за утре го најави стартот на подготовките за пролетната етапа од сезоната во елитата.

Првиот тренинг тимот ќе го има утре на стадионот во Чаир со почеток во 13 часот. Како што информираат од клубот, тој ќе биде отворен за јавноста, како јасен знак дека сакаат да се впуштат во ова патување со нивните навивачи.

„Ова е почеток на сериозна работа, со примарна цел да бидеме потранспарентни, попосветени и да го подобруваме секој ден малку по малку, она што го среќаваме како клуб“, велат од клубот.

Се вчитува...