Македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи загуби од Фероникели со 0-1 на првиот пријателски натпревар на подготовките во Анталија. Косовскиот тим чиј тренер е Агим Сопи, победи со гол од пенал постигнат во 75.минута од мечот.
Тренерот на Шкупи, Ќатип Османи, натпревар го стартуваше со следниот тим: Алексовски, Иљази, Илиески, Нето, Кривањева, Бајрами, Диак, Гоудиаби, Исени, Серџо јуниор, Дембо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

