Астон Вила му нанесе тежок пораз на Арсенал од 0-2 во 33. коло од Премиерлигата драстично намалувајќи ги шансите на „топчиите“ за освојување на шампионската титула.
Откако мрежите мируваа се до шест минути пред крајот на натпреварот, следеа два гола на гостите за само три минути кои ги шокираа домашните фудбалери и навивачи. Во 84. минута Бејли стрелеше за 1-0, а во 87. минутаа Воткинс ги реши дилемите за победник.
Со денешниот пораз Арсенал го загуби првото место на табелата и истото сега му припаѓа на Манчестер Сити, додека Астон Вила стигна до значајни три бода во битакта за место во Лигата на Шампиони во сезоната која следи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

