Пелистер полн со самодоверба влезе во денешниот дуел со Ла Риоха, со најава дека како втор фаворит за пат на фајналфор и повеќегодишен учесник во ЛШ лесно ќе се справи со ривалот од Шпанија.
А реалноста беше сосема поинаква, Ла Риоха беше тимот што држеше час по ракомет во „Боро Чурлевски“, успевајќи да ја „стиша“ битолската публика која дојде, ја наполни салата, но за жал разочарана ги напушти трибините.
Лино Червар доби шлаканица што уште долго ќе ја памети. Апсолутна немоќ не некогашниот ракометен генијалец, кој се обиде со се можно, но немаше одговор ниту во нападот за одличниот голман, но исто така и во одбраната, што некогаш беше заштитен знак на Хрватот, а вечерва во Битола не личеше апсолутно на ништо.
Ако постои утеха, тоа е дека ова е прв европски меч, старт на сезоната… но поуки мора да се извлечат веднаш. Затоа што Пелистер не го личи со ваква игра и пораз, особено не во Битола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА












