Нико Шлотербек донесе одлука за својата иднина, што сигурно нема да им се допадне на навивачите на Борусија Дортмунд. Имено, одличниот дефанзивец не ја прифати последната понуда на управата на клубот, најавувајќи дека е подготвен да ги смени тимските бои на крајот од оваа сезона.
Шлотербек има договор со Борусија до јуни 2027 година, но во ситуација кога продолжување на соработката делува нереално, јасно е дека бундеслигашот од Дортмунд ќе биде принуден да го продаде летово за да не ризикува тој да си замине без никаква отштета по истекот на договорот.
Германските медиуми тврдат дека репрезентативецот барал плата од 14 милиони евра нето (повеќе од двојно повисока од онаа што ја заработува во моментов), но и клаузула со која би можел да си замине од Дортмунд за соодветна отшштета. Ова било неприфатливо за управата на клубот која ги прекинала преговорите, по што заминувањето на Шлотербек е се поизвесно.
Баерн Минхен ја следи ситуацијата и ќе се обиде повторно да „украде“ клучен играч, но баварскиот гигант ќе има сериозна конкуренција ако се знае дека Шлотербек го следат и Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

