Голманот на данската репрезентација Каспер Шмајхел е разочаран по елиминацијата во осминафиналето од Германија со 2-0.
Поранешниот голман на Манчестер Сити и Лестер, а сега на Андерлехт имаше многу работа на мечот на кој можеа да примат и повеќе голови.
Сепак, одлуката на судијата Михаел Оливер да досуди пенал за Германија при првиот гол за Германија го изнервира Шмајхел.
„И ден подоцна се уште чувствувам мешавина од разочарување, гнев, лутина. Таков е денешниот фудбал. Професионално играв фудбал 23 години и сè уште не ги знам правилата. Офсајдот е офсајд. Може да биде многу над линијата и малку повеќе линијата, но офсајд е офсајд, не знам колку е доверлива технологијата, но не знам што требаше да прави Андерсон со раката при пеналот за Данска. Фудбалот и здравиот разум не одат заедно во денешно време“, изјави Шмајхел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА