Шмајхел: Фудбалот се враќа дома? Дали некогаш бил таму?

По натпреварот меѓу Англија и Данска ќе го дознаеме противникот на Италија во финалето на Европското првенство. Голманот на Данците упати малку провокации кон Англичаните, пресрет натпреварот кој ќе се игра вечерва на Вембли.

„Фудбалот се враќа дома? Дали некогаш и бил таму? Не знам дали некогаш го имате освоено? Зар тоа не беше Светско првенство?“, изјави Шмајхел како одговор на познатата песна „Фудбалот се враќа дома“ која беше химна на Европското првенство 1996 година кое се играше во Англија. 

Вториот полуфинален натпревар од ЕВРО 2020 меѓу Англија и Данска е закажан за вечерва со почеток во 21 часот.

Се вчитува...