Шмајхел во болница кај Ериксен: Прекрасно беше кога го видов дека се смее

Светот беше во шок откако репрезентативецот на Данска, Кристијан Ериксен се онесвести на натпреварот на Европското првенство против Финска. Лекарите интервенираа брзо со што беше спречено и најцрното можно сценарио, а добра вест се дека Ериксен е во стабилна состојба.

Еден од оние кои имаше можност да го посети соиграчот во болница беше Каспер Шмајхел, голманот на Данска кој по средбата изјави дека му олеснало со тоа што го видел Ериксен насмеан.

„Беше прекрасно кога го видов како се смее и е свој. Тоа за мене беше одлично искуство и многу ми помогна. Беше олеснувачки кога видов дека е во ред откако лежеше на земјата. Зборувавме за тоа дека е добар, и тоа е најбитно“, изјави Шмајхел.

Се вчитува...