Лестер беше на прагот да остане непоразен на „Висенте Калдерон“ од Атлетико Мадрид, но пресуди погодокот од белата точка што го постигна Антоан Гризман во 28.минута. На ова му претходеше очигледен прекршок надвор од казнениот простор, но, сепак, беше досуден пенал за Атлетико Мадрид.
Голманот на Лестер, Каспер Шмајхел, токму ова и го потенцираше по завршувањето на дуелот. Неговиот тим загуби по лоша одлука на судијата.
„Загубивме од непостоечки пенал. Не можев да верувам на каков начин беше покажан пенал за Атлетико Мадрид, а ударот на Гризман од 11 метри не можев да го скротам. Но, Лестер е во игра, имаме активен резултат и ќе се обидеме сето ова да го надоместиме на реваншот. Видовме дека можеме да се надигруваме со Атлетико Мадрид, а пред своите гледачи ја елиминиравме и Севилја“, изјави Шмајхел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА