Македонија со победа против Швајцарија, согласно посакувањата, ги заврши настапте на Европското првенство 2024 во исклучително тешката група во која беа две од најдобрите светски ракометни селекции.
Мечот против Швајцарците мина и во знакот на 40-годишната швајцарска легенда Енди Шмид кој го играше последниот меч за националниот тим. Шмид постигна 12 гола на натпреварот потврдувајќи ја својата големина, но признава дека тешко го поднел поразот затоа што посакувал со победа да се збогува од националниот дрес.
„Со нетрпение чекам да одам дома и да ги соберам мислите. Признавам дека тешко го поднесов поразот, плачев три минути. Сега сакам да сум најпрво малку со семејството а потоа ќе одлучам дали ќе продолжам да играм за репрезентацијата“ – вели Шмид и дополни:
„Но, сега барем знам дека не постои ракометен бог. Затоа што ако некој ракометен бог го следеше натпреварот ќе не оставеше да победиме“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

