Македонската репрезентација славеше со 29-27 над Швајцарија, за прва радост на ЕП 2024 откако нашите ракометари одиграа извонреден натпревар, заслужено совладувајќи ја селекцијата што пред два дена ремизираше со Франција.
Фантастичен на голот беше Мартин Томовски кој ја спушти ролетната против Швајцарците и на крајот го заврши натпреварот со 12 одбрани и 37 посто успешност. Сепак, по мечот ЕХФ како да го заборави нашиот голман, па признанието за најдобар играч му го даде на Швајцарецот, Енди Шмид кој иако постигна 12 гола, сепак на крајот направи неколку грешки што доведоа до победа на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА