Тренерот на Бенфика, Роџер Шмит, не го криеше разочарувањето откако неговиот тим загуби со 0-2 од Интер во првиот четвртфинален дуел од Лиата на Шампионите. Бенфика вообичаено игра одлично на домашен терен, но овојпат португалскиот гигант беше изненаден од „нероаѕурите“, кои со два гола во второто полуверме стигнаа до огромна предност пред реваншот во Милано.
Според Шмит, директно влијание врз резултатот имал и англискиот судија Мајкл Оливер и неговите одлуки, пред се критериумот околу досудувањето на пеналите.
„Ова беше тежок натпревар на кој двете екипи имаа свои шанси, за жал ние не ги искористивме нашите. Останавме во мечот по примениот гол, фудбалерите дадоа се од себе за да израмнат, а потоа го примивме и вториот гол од пенал – тоа е приказната на овој натпревар. Мислам дека немавме среќа со судиските одлуки, кои директно влијаеја врз конечниот исход на мечот. Пред се, не верувам дека имаше пенал за Интер при она што го досуди Оливер, додека на спротивната страна ние требаше да добиеме најмалку еден пенал, а судиите тогаш решија да не реагираат“, истакна Шмит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

